7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Попладне во источните делови врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално се очекува да наврнат над 30 л/м2.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 11 степени, Крива Паланка и Берово 10, Кавадарци и Дојран 15, Маврово 7, Прилеп 13, Охрид 12.

И утре времето ќе биде претежно облачно и студено со засилен северен ветер. Ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, но со слаб интензитет. Дневните температури ќе се движат од 2 во Маврово до 11 во Гевгелија.

Најстудено ќе биде во петок кога минималните температури на некои места ќе се спуштат до о -10 степени, додека максималните дневни ќе се искачат во интервал од -1 до 8 степени.

Сподели: