Промоција на едицијата „Нови бајки од Македонија“

Сподели

 

На 1 јуни, со почеток во 11 часот, во „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“ ќе биде промовирана новата едиција „Нови бајки од Македонија“, во издание на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“.
 
На настанот ќе бидат претставени четирите сликовници „Бакнежот на пролетта“, „Перуника“, „Сончевото момче Ил“ и „Осаменото дрво“ – кои беа прогласени за најдобри на конкурсот за „Современи бајки од Македонија“.
Бајката „Перуника“ ја напиша авторот Сибо, а илустрацијата ја изработи Јована Велинова-Трајанова. Елизабета Баковска е авторка на бајката „Бакнежот на пролетта“, а илустрациите се е на Катерина Соколова. Бајката „Сончевото момче Ил“ е дело на авторката Катерина Данаилова и илустраторот Орце Нинески, а „Осаменото дрво“ е дело на Нина Максимова, со илустрации од Иван Коминовски.
 
На настанот ќе се обратат Ангелка Пеева Лауренчиќ (член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“) и Бранка Бугариска (директор на издаваштво во „Арс Ламина“).
Пред медиумите ќе бидат претставени и авторите и илустраторите на победничките бајки.
 
Книгите, кои се објавени под импринтот „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, веќе се достапни во „Литература.мк“, како и во сите поголеми книжарници низ државата.
 
Достапни се и за онлајн-нарачка преку www.literatura.mk.