Експлозија на бомба во Основниот суд во Подгорица, еден загинат и пет повредени

Сподели

 

 Во експлозија на бомба на влезот во Основниот суд во Подгорица денеска загина М.Б. (40) од Подгорица, а пет лица се повредени.

„Во 11 часот и 35 минути добивме известување дека во зградата на Основниот суд е активирана експлозивна направа и дека има повредени. Утврдивме дека загинал М.Б.(40) кој ја активирал експлозивната направа. Пет лица се повредени кои се лекувале во Клиничкиот центар“, велат од црногорската полиција.

Полицијата и екипите на итната помош се на терен. Полицијата не им дозволува на новинарите да се приближат до местото на настанот.