131 сообраќајни прекршоци во Скопје – 36 под дејство на алкохол

Сподели

 

На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 23 мерки за возење без возачка дозвола, 7 мерки за користење мобилен телефон, информираат од МВР.

Изречени се 11 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 36 санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за некористење на сигурносен, седум санкции за возач почетник…

МВР апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.