Разбојништво, дрога, шверц на мигранти

Сподели

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.И.(43) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ќ.С.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.11.2023 во Битола, полициски службеници извршиле преглед над две лица, при што пронашле и одзеле МДМА таблети, кои претходно ги набавиле од пријавениот.

На 06.06.2024 во 18.10 часот во Полициската станица за граничен надзор Михајлово било пријавено дека во тунелот на „Јаворица“, во правец од Гевгелија кон Скопје, било забележано возило кое превезува мигранти. Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово излегле на местото и затекнале патничко возило „форд мондео“ со скопски регистарски ознаки и при преглед во него биле пронајдени девет лица мигранти од Сирија. Мигрантите бил предадени во полициска станица понатамошна постапка, а при извршена проверка било утврдено дека регистарските таблички припаѓаат на друго возило од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.06.2024 во 13.30 часот на место викано „Широки ливади“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци ги привеле Г.М.(53) и Г.Г.(18) од Република Хрватска затоа што било констатирано дека илегално влегле во државата. Тие биле предадени во Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.      

СВР Штип поднесе кривична пријава против И.Р.(19) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 09.12.2023 во Штип, полициски службеници извршиле преглед на возилото, во кое бил пријавениот со две лица, при што била пронајдена и одземена марихуана, која им овозможил да ја користат.   

Денеска (07.06.2024) во 02.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Ч.Ј.(21), Д.Н.К.(21), Е.К.(23), О.А.Х.(26) и Ч.М.(24), сите од Република Турција, со привремен престој во Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 02.00 часот на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар физички го нападнале А.А.(31) од Скопје. Тие биле задржани во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.П.(37) и Ѓ.С.(41), двајцата од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 26.09.2023 во казино во Струмица, полициски службеници извршиле преглед над првопријавениот, при што пронашле и одзеле хероин, кој го набавил од лице од Скопје со помош на второпријавениот.

На 06.06.2024 во 12.30 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локален пат за гостиварски Врбен, во близина на Национален парк „Маврово“, В.О.(57) од Кралството Холандија, управувајќи мотоцикл „ктм“, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар во Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

На 06.06.2024 во 17.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локален пат за гостиварски Градец, Б.Х.(40) од гостиварско Чегране, управувајќи мотоцикл „пиаџо“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.И.(38) од Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 17.05.2024, пријавениот објавил статус на социјална мрежа со кој промовирал и поттикнувал насилство.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Д.(33) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 12.03.2024, пријавениот напишал коментар на објавен текст на интернет портал со кој промовирал и поттикнувал омраза и дискриминација.

На 06.06.2024 во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во станбена зграда на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.К.(64) и В.К.(39) од една страна и Ј.В.(41) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.06.2024 во 19.50 часот во СВР Скопје, И.Б.(33) од Скопје пријавил дека на 05.06.2024 околу 10.00 часот во основно училиште на подрачјето на Драчево, неговиот малолетен син бил нападнат од двајца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.М.(69) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 09.01.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот при што пронашле и одзеле ловечки патрони со различен калибар.

На 06.06.2024 во 20.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.00 часот во двор од угостителски објект во с.Кучково, скопско, настанал пожар. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.А.(33) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“. На 24.12.2023, пријавениот физички ја нападнал Л.П., која го затекнала при вршење кражба во нејзината куќа во Кочани.   

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.К.(19) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на дете“. На 20.01.2024, пријавениот без согласност на неговата вонбрачна партнерка Б.Р.(18) го одзел нивното малолетно дете.

На 06.06.2024 во СВР Скопје, Д.С.(53) од Свети Николе пријавил дека околу 20.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, две лица физички го нападнале неговиот малолетен син и му одзеле накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.Б.(51) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување на лиценца“. На 23.12.2023 на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола, полициски службеници го затекнале пријавениот при вршење јавен превоз на патници со возило без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.    

На 06.06.2024 во 19.30 часот во Полициската станица Аеродром, Б.В.(59) од Скопје пријавил дека на ул.„Коста Новаковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Кочани и В.П.(55) од Кочани, сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ во врска со „надрилекарство“. Од 2020 година до поднесување на пријавата, второпријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист набавил резервоар за вода (идентичен со тие што се користат во автомобилите), клетка за електролиза и електро полнач, кои ги употребувал како бренер за загревање и за инхалација кај граѓаните, преку вдишување на оксиводородна смеса во гасовидна состојба, која се користела за индустриски цели.

На 06.06.2024 во 22.30 часот во Полициската станица Драчево, Т.Н.(23) од Скопје пријавила дека на ул. „Јанко Мишиќ“ во Скопје била касната од куче скитник.