24 часовен МВР Билтен

Сподели

На 16.09.2024 во 20.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.И.(41) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела и кафеава прашкаста материја и дигитална вага. Б.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.09.2024 во 13.40 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода И.Г.(44) од Гевгелија. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени стебла канабис, предмети исполнети со зелена растителна материја и употребени шприцеви со игли со остатоци од непозната материја. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против И.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.09.2024 во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ќ.А.(24) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Денеска (17.09.2024) во 01.00 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (17.09.2024) во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Н.(18) и В.Н.(18), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Истовремено бил приведен и малолетник од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен боксирач. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветени поднесоци по член 215 од Кривичниот законик и член 80 од Законот за оружје.

На 17.09.2024 во 00.50 часот во населба Дреновец во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.С.(19) од с.Требош, тетовско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.  

На 16.09.2024 во 23.00 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го привеле К.С.(19) од Република Албанија затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека лицето приложило туѓа патна испарава. Тој бил предаден на Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово за понатамошна постапка.

Денеска (17.09.2024) во 02.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Б.А.(24) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

На 16.09.2024 во 18.00 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на локалниот пат кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“, К.Д.(21) од Крива Паланка, управувајќи мопед со кривопаланечки регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Д., констатирани во Градската општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крива Паланка.  

На 16.09.2024 во 11.45 часот во Полициската станица Центар, П.Б.(45) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар во Скопје, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.  

На 16.09.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Д.С.(42) од село Кошари, кривопаланечко, пријавил дека на ул.„Љубин“ во Скопје бил каснат од куче со сопственик.