24 часовен МВР Билтен

Сподели

На 02.11.2024 година во 17.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„500“ и ул.„401“ во село Марино, скопско, патничко возило „Хонда цивик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С. (46) од населба Илинден, скопско, удрило во пешакот В.Н.(78) од село Марино, а потоа возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата од здобиените тешки телесни повреди на местото на настанот починала В.Н., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.  По насоки на јавен обвинител телото на почината било предадено на обдукција. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. Полициски службеници од Полициското одделение Петровец по преземени мерки го пронашле возачот и сопственикот на патничкото возило. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.11.2024 година во 14.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот – обиколница град Скопје во правец од Тетово кон Велес, се случила сообраќајна несреќа во која Д.Р. (44) од село Кондово, скопско, управувајќи патничко возило „Опел корса“ со скопски регистарски ознаки, изгубила контрола над возилото и удрила во бетонски столб. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.Р., додека нејзините сопатнички С.Р.(49) и С.Р.(19) двете од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 02.11.2024 година во 14.40 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат А2, Кичево-Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Шевролет калос“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(53) од Скопје и товарно возило марка „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(29) од село Лојане, кумановско, во сопственост на Б.А. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на товарното возило М.А. и двајца сопатници од патничкото возило – З.С.(63) и Р.П.(55) двајцата од Скопје, додека пак со телесни повреди се здобила В.С. која го управувала патничкото возило и сопатничка од товарното возило Н.А.(26) од село Липково, кумановско, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.

На 02.11.2024 година во 18.45 часот од Медицинскиот центар Гостивар во Полициската станица Гостивар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Б.С. (53) од село Форино. По превземените мерки било констатирано дека Б.С. управувајќи трактор без регистарски ознаки со приколка, изгубил контрола над возилото и  се превртил. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

На 02.11.2024 година во 09.05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистарлниот пат Охрид – село Подмоље, патничко возило „Опел корса“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(48) од село Велмеј, општина Дебрца, откако претекнувал две возила, изгубил контрола над „Опел корсата“ и излетал од патот. Во несреќата Г.С. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во  Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. За настанот бил известен јавен обвинител, а извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

На 02.11.2024 годин во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ж.Д.(37) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.11.2024 година во 22.20 часот во Скопје, на бензинска станица на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Т.(29) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.11.2024 година во 23.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ја лишиле од слобода К.Л.(37) од Скопје поради тоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.11.2024 година во 19.50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар  го лишиле од слобода Б.А.(43) од Скопје поради тоа кај него била пронајдена и одземена марихуана.  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.11.2024 година во 11.05 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.С.(38) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.11.2024 во 16.20 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир,  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.Р.(32) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (03.11.) во 00.05 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(18) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.11.2024 во 11.45 часот во Полициската станица Кисела Вода, Д.С.(57) од Скопје пријавил дека на ул.„1438“ во населба Пинтија во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 02.11.2024 во 12.50 часот во Полициската станица Гази Баба, И.С.(50) од Скопје пријавил дека на ул.„Коце Металец“ во Скопје неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

Денеска (03.11.) во 00.50 часот во Полициската станица Гази Баба, В.П.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.