27. роденден на првата детска амбасада во светот “МЕЃАШИ”- Македонија

Сподели

Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ е најстара граѓанска организација во Република Македонија за заштита на правата на детето, основана на 29. април 1992 година во Скопје. Таа ги застапува и заштитува правата на децата, се залага за одговорно родителство и почит кон детската личност.  Меѓаши континуирано работи на зајакнување на граѓанското движење за доброто на децата и функционалност од страна на институциите во најдобар интерес на детето.

Амбасадата го промовира мировниот активизам и волонтерство, развивајќи активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство.

Во изминатиот период (1992-2019), Амбасадата ја остварува својата дејност спроведувајќи мониторинг на детските права и промоција на правата на детето во Република Македонија и пошироко застапувајќи ги потребите и интересите на децата пред институциите и пошироката јавност; преземање иницијативи за унапредување на законската регулатива за заштита на децата во Република Македонија и нејзина имплементација како и активности за институционализација на мировното образование. Овие домени остануват од примарен интерес и во наредниот период.

Неколку клучни вредности и принципи во работењето на Детската амбасада Меѓаши се: Партиципација (учество, вклученост) на децата и возрасните во процесите на одлучување за прашања кои се од нивен интерес; Волонтерски пристап во заштитата на правата на децата; Промовирање и практикување на мир, ненасилство и почитување на ставовите и однесувањата на другите; Еднакви можности за сите во остварувањето и почитувањето на нивните права; Отчетност, одговорност и непартизираност во работењето на организацијата.

Главното мото на Детската амбасада Меѓаши е: “Сите идеали на светот се побеззначајни од солзите на едно дете”.

НЕКОИ БРОЈКИ ГОВОРАТ САМИТЕ ЗА СЕБЕ

Некои бројки говорат сами за себе. За овие 27 години (1992-2019) регистрирани се над 20 000 повици на СОС телефонот. Над 1.200 волонтери земале учество во активностите. Истите одработиле над 700.000 работни часа. Нивната работа пресметана во пари е над еден ипол милиони евра. Поделени се преку 100 тони хуманитарна помош. Повеќе од 1.500 натписи за активностите на амбасадата излезени се во печат. Над 2.000 деца ги посетувале бесплатинте детски работилници. Околу 8.500 деца се зачлениле во Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Повеќе од 500 деца биле опфатени во летните кампови.

ЧЛЕНСТВО ВО МЕЃУНАРОДНИ ОРГАНИЗАЦИИ И МРЕЖИ

Детската амбасада МЕЃАШИ е член и активно соработува со повеќе меѓународни организации за правата на детето како на пр: ECPAT International – A global network ending child sexual exploitation, Global Campaign for Education, The European Federation for Street Children, Global March against Child Labour, Child Helpline International, European Children’s Network; EUROCHILD; Human Rights House Network; Child Rights Information Network; UNITER for Intercultural Action, Arigatou International.

Детската амбасада Меѓаши е основач и член на неколку домашни коалиции од граѓански организации: Македонската коалиција на НВО и за мониторинг на правата на детето (неформална коалиција); Граѓанска платформа на Македонија; Коалиција „Сите за правично судење“ и Македонија без дискриминација.

Основачи nа Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ – Република Македонија се Гордана Пирковска Змијанац и Драги Змијанац.

Амбасадор на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши е г-дин Коле Ангеловски. Вице амбасадор на Првата детска амбасада во светот Меѓаши е Благоја Чоревски. Претседател на Првата детска амбасада во светот Меѓаши е Драги Змијанац. В.Д. Оперативена директорка на Првата детска амбасада в светот Меѓаши е Гордана Пирковска Змијанац. Членови на Собранието се: Коле Ангеловски, Ленче Здравкин, Гордана Пирковска Змијанац, Елена Јоциќ Блажевски, Роза Василевска, Драги Змијанац, Душко Арсовски, Сашо Трајковски, Наташа Стојческа, Зумрета Јакупи, Симонида Георгиевска, Лидија Мехинагиќ, Магдалена Чоревска, Благој Чоревски, Весна Димчевска, Валентина Стојановска,  Виолета Павловска, Јулијана Зоксимовска, Никола Киселинов Боздоганов, Ајрије Дачи, Евридика Шашкoва. Членови на надѕорен одбор се: Елизабета Атанасова, Александар Ѓумберовски и Снежана Јаневска.