ИНТЕРВЈУ: Снежана БОГДАНОВСКА – САНИ

Сподели

12743681_909610729136300_1008557537700279528_n

Јас не знам што е убавината, но знам дека допира многу нешта –Дирер

Со овој цитат ќе го започнам патувањето со Снежана Богданоска – Сани, водејќи ве од нејзината нескриена прекрасна личност, професионалец до максимум, перфекционист до бол, се` до конекцијата на избрани зборови со мислите во книгата “Моите стории – Мојот живот”, која најдобро ја објаснува констатацијата: “Книгата допира многу нешта во нас”.

ДЕНЕС: Сториите, фотографиите, професионалниот пат, согледувањето низ критичко и професионално око се спакувани во една одлична книга, издание кое со самото патување низ страниците ве водат во прекрасен свет на вистината, за се` она што човек низ животот го гледа но, доцна го распознава. Снежана го сублимира и послужува како слатко четиво, со многу јасни и прецизни мисли. Колку се имате самата низ животот пресликано во книгата?

 

СНЕЖАНА БОГДАНОВСКА – САНИ: – Настрана од првичната идеја за симболика на насловот, крајниот резултат финишираше со  содржината на  „орман“ – книга, која на увид и на општа употреба ja става и сопствената приказна, многу покомплексна од модната. Дигањето на белото знаме пред сознанието дека модата е моја животна и професионална одредница, значеше пред се` осознавање на својата природна средина. Од таму четивото презентирано во книгата не се само и единствено аналитички модни текстови туку и интимни лични ставови за себе и светот.

375315_357150891048956_1400958130_n

 

ДЕНЕС:  Маркентишко претставување на жената и телото, голем влог  во кој се губи внатрешната убавина, во склад со модата и стилот што го носи и поседува жената, без разлика на која возраст и припаѓа. Дали и каде исчезнаа жените?

СНЕЖАНА БОГДАНОВСКА САНИ: – Вечниот копнеж на жената да биде маркирана нејзината женственост, современите маркетинг стратегии  го вкалапија во тенденциозни моделирани преобразби во име на бјути трендови.  Наметнати  маргинални визии за женската убавина кои ги полнат фондовите на бјути индустријата, испразнувајќи  го притоа идентитетот на вистинската реална жена.

Помеѓу напорот да се извлече оптимумот од себе во секоја смисла, со најдобрата можна грижа за себе, наспроти правење карикатура од себе, под влијание на силната маркетиншка машинерија постои цел јаз на недоразбирање.

533802_357157574381621_888867885_n

ДЕНЕС: Со текот на годините научив дека важното во фустанот е жената што го носи”- Ив Сен Лоран..

Внесувањето на чувствата во самоприкажувањето преку модата, според вас е пресуден момент во било која прилика, за било која возраст и било која професија. Како да се најдеме во бесконечноста и лимитот на себеприкажувањето?

СНЕЖАНА БОГДАНОВСКА – САНИ: – За нештата да добијат забележителна форма треба да се плод на целосна слобода на разумот и на имагинацијата. Така искуството и имагинацијата ќе направат совршен спој.

481394_359668837463828_1623355474_n

ДЕНЕС: Велите, денес појавата во голема мера е став кој му сигнализира на светот кои сме, и уште поважно кои не сме. Го критизирате плагијатот, како една непотребна дамка на убав свилен фустан, инспирацијата ја потенцирате како дел од карактерот што го носи парчето ткаенина. До каде сме ние жените во Македонија со ставот?

СНЕЖАНА БОГДАНОВСКА – САНИ: – До таму до каде што ни е и општеството.

Биди пробирлив во се` што ти се нуди, за да бидеш и да се чуствуваш свој во сопствената кожа е едноставниот базичен став кога станува збор за она што лежи помеѓу вас и вашиот сон – парчето ткаенина. Иако не сакам генерализации, мој впечаток е дека денешните сограѓанки го имаат попатно загубено шармот на модното кокетирање, со кое импресионираа во 60-те,70-те, 80-те и 90-те години од минатиот век. За жал транзицијата и покрај сета отвореност кон светот донесе само безличност и безидејност, и капиталот воопшто не помогна, напротив ги вулгаризира и искривоколчи вредностите. Но, за среќа сепак постои еден мал процент на инспиративни жени кои пленат со својот став на самосвесни индивидуи, на кои бескрајно им се радувам кога ќе ги сретнам.

36504_357156571048388_1613426630_n

 

ДЕНЕС: Мислиме дека знаеме се` за модата. Ја носиме кој како умее и кој како знае. Доволно е да фрлиме еден поглед и да заклучиме дека ние не само што не умееме да се снајдеме во модерното, туку се загубивме и во едноставното. Револуционерниот рецепт за добар вкус и пристојна мода?

 

СНЕЖАНА БОГДАНОВСКА – САНИ:  –  Пристојна мода ќе подразбере повеќе еволуција отколку револуција. Оттука универзалните, севременски одлики на добриот вкус би се темелеле на базичното правило: да научиш да се грижиш за себе и однатре и однадвор. Да разбереш како да ја избереш облеката која ја разубавува твојата (а не нечија друга) фигура, а во исто време изгледа современо, без слепо следење на агресивните кампањи за новите трендови. Купувај го само тоа што го препознаваш во себе и кое се препознава во тебе. Она што те одликува  како поединец пред лицето на светот е твоето модно однесување, начинот на кој се комбинираат одередени парчиња облека, бои, движења, говор…..

Соња Ајановска Деловска