Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државта, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 235 возачи.
Од нив 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 92 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 143 надвор од населено место.
МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.