На ЕУ ѝ е потребна успешна приказна – проширување со нова членка

Сподели

 

Во текот на вториот ден од студиската посета на Бундестагот, делегацијата предводена од претседателот Џафери, во чиј состав се потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, и координаторите: Диме Велковски, Никола Мицевски, Арбер Адеми, Сурија Рашиди и Сафије Садики Шаини, генералната секретарка Цветанка Иванова, шефот на Кабинет Илир Селмани, службата на Собранието, амбасадорката на Швајцарија и претставници од НДИ оствари средба со претседателот на Комисијата за прашања од  Европската Унија на Бундестагот, г. Антон Хофрајтер и членовите на Комисијата.

 

 

На средбата, претседателот Џафери се заблагодари за одличната програма на студиската посета и му даде збор на претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Арбер Адеми, кој ги подвлече храбрите и големи чекори кои ги презема државата, од внатрешни реформи до договори за добрососедство, прифаќање и прилагодување кон новата методологија, за по сите процеси да се соочиме со блокада од Република Бугарија.

Адеми укажа на разочараноста на граѓаните од исходот и успореноста на евроинтеграривниот процес, но нагласи дека е уверен дека до јуни ќе се сменат состојбите, особено имајќи го предвид кредибилитетот на ЕУ и нејзината улога и влијание не само за Северна Македонија, туку и во Регионот.

Членовите на делегацијата Мисовски, Велковски и Мицевски, искажаа благодарност за континуираната поддршка што Северна Македонија ја добива од Република Германија во контекст на евроинтеграциите и нагласија дека политичките партии во Собранието едногласно се залагаат и работат за да ги исполнат очекувањата на над 70% од граѓаните кои поддржуваат членство на Северна Македонија во ЕУ.

Претседателот на Комисијата за прашања од Европската Унија, г. Хофрајтер, нагласи дека огромен дел од земјите членки на ЕУ гласно го поддржуваат членството на Северна Македонија во ЕУ и дека германските пратеници се добро запознаени со ветото на Бугарија кон Северна Македонија. Војната во Русија покажа колку е значајно да не се троши предолго време за нештата да се придвижат напред и ги увери присутните дека Германија прави сѐ за да проширувањето на ЕУ да се случи што поскоро, затоа што државите членки на ЕУ нудат многу повеќе работни места, поотворен пазар на работна сила, повеќе мир и подобра иднина за своите граѓани.

Присутните се согласија дека додека Република Северна Македонија чека да стане членка на ЕУ покажува доблест преку реформи во многу области, почнувајќи од добрососедските односи и договори, работи на националниот идентитет, социјалните реформи и придонесува за мирот во Европа, зачувувајќи ја безбедноста на своите граници.

Соговорниците испратија заедничка порака дека по пандемијата, војната во Украина и премрежјата со кои се соочивме, на ЕУ ѝ е потребна успешна приказна – проширување со нова членка.