Од утре, 01 јуни, ЈП Градски паркинг започнува со летно работно време на јавните површини наменети за паркирање во зоните А,Б,Ц и Д, информираат од Град Скопје.
Паркирањето во зоните А,Б,Ц и Д ќе се наплаќа од понеделник до сабота од 07 до 23 часот.
Град Скопје им препорачува на сите корисници на услугите за паркирање на ЈП Градски паркинг навремено да вршат плаќање за паркирањето на зоните, согласно со наведеното време на информативните табли, за да не бидат санкционирани.