Од полноќ поевтинуваат горивата за 0,5 и 1 денар

Сподели

 

Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 и Еуродизел (Д-Е V) од ноќеска се намалува за половина денар по литар, додека Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинуваат за еден денар по литар, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).

Од полноќ на безнинските станици низ земјава Еуросупер БС-95 ќе се продава за 108,5 денари по литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 110,5 денари за литар. Цената на дизелот ќе изнесува 103,5 денари за литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 102 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,422 денари за килограм и од полноќ ќе изнесува 53,727 денари по килограм.