Таравари: Мислам дека овде завршува нашата приказна со Данела Арсовска

Сподели

 

Доколку е точно дека е разрешен директорот на „Комунална хигиена“, ќе побарам од претседателството да ја прекинеме соработката со Данела Арсовска, кажа Арбен Таравари од Алијанса на Албанците. 

„Ова го зборувам лично, меѓутоа, денеска ќе имаме и партиски состанок, јас лично ќе побарам од претседателството, мислам дека овде завршува нашата приказна во Скопје со Данела Арсовска. После 12 навечер да разрешува директори, без да се консултира, тоа е неприфатливо“, изјави Таравари.