Концертот на познатиот пијанист, продуцент и композитор Франческо Тристано, ќе се одржи во салата на Македонската Филхармонија на 23 јули, заедно со младите талентирани музичари од оркестарот на Фејмс иниститутот, под диригентската палка на Маестро Емин Џијан.
Билетите за овој концерт можат да се купат преку mk.tickets по цена од 300 денари и специјална цена за студенти и ученици од 150 денари.
*Франческо Тристано е исклучителен и мултиталентиран музичар: пијанист и композитор, кој успешно ги комбинира сите музички стилови. Франческо кој е веќе многу познат и во електронската, експерименталната и џез музиката стана референтна личност кога се зборува за новите движења, каде експлодира неговата креативност и умешност но и начинот на кој тој успева да ја хомогенизира музиката и публиката. Тој соработува со врвни имиња како Дерек Меј, Карл Крег…
Тристано започнува да свири пијано на пет годишна возраст во Њу Јорк, на престижната школа Џулијард, а токму и во Њу Јорк, ја започнува приказната со електронската музика и ги завршува и постдипломските студии. Добитник е и на голем број на награди од релевантните музички натпревари.
Франческо се смета како одличен познавач на барокната но и на современата музика. Тој има снимено огромен опус на композиции од барокот соработувајќи и настапувајќи со најпрестижните оркестри и светски сцени. Неодмна го сними и новиот албум со барокна музика, снимен во живо на концерт во Ла Скала. Посебно се издвојуваат неговите настапи во Елб филхармонијата, Концертгебау, Аудиториумот во Барселона, симфониските оркестри во Цирих, Шчечин, Лил, Ливерлпул, Луксембург, Лајпциг (соработувајќи со познатиот диригент Кристијан Јарви) и многу други.

Неодамна, заедно со диригентот Румон Гамба, беше изведен и неговиот нов концерт за пијано и оркестар во Хонг Конг.
Неговиот дискографски опус освен композиции од барокната музика опфаќа и бројни дела од современата музика, како на пр.композции од Л. Берио, Џ. Кејџ, потоа проектите насловени Idiosynkrasia, BachCage, The Long Walk, Scandale, Piano Circle Songs, Tokyo Stories и други.
*Џијан Емин, роден во Скопје е сестран музичар со огромно музичко искуство. Долги години тој е прв хорнист во Македонската филхармонија, додека истовремно свири импровизиација и џез, диригира на меѓународни оркестри за компонирање и аранжирање партитури за филм и театар, свири гитара или клавијатури со рок групи, продуцира албуми, а работи и како уметнички директор на музички фестивали.
Џијан блеска во сиот свој сјај во секој свој музички облик, секогаш додавајќи изворен глас и неверојатна музикалност. Се смета за еден од водечките музичари на современа музика од Македонија и регионот, уживајќи прилично голема репутација и углед низ целиот свет, што природно доаѓа за еден музичар на музичко ниво како Џијан.
Тој соработува со реномирани музичари како Derrick May, Juan Atkins, Jeff Mils, Francesco Tristano, добитници на Оскар и на Греми награди како Kurt Elling, Frank London, Malcolm Burn, A.R. Rahman, Femi Kuti & The Positive Force, Fourplay, William Parker, Bob Stewart, Renaud GarciaFons, Francesco Bearzzatti, Luca Aquino, Gianluca Petrella, Peter Herbert, Damo Suzuki, “ Air “, Gloria Estefan, Kiril Djajkovski, Arhangel, Vlatko Stefanovski, Toni Kitanovski,..
Како диригент / продуцент на различни проекти, неговите дела се изведувани во симфониските оркестри во Детроит, Мелбурн, Париз, Фландрија, Кан, Грузија, Лорена, Белград, Скопје…