Зелената партија ДОМ на сите граѓани им го честита големиот празник Илинден, денот кога започнува Илинденското востание во 1903 година и кога е одржано Првото заседание на АСНОМ во 1944 година.
Втори август е еден од најзначајните датуми во македонската историја, кога се поставени темелите на создавањето самостојна македонска држава.
Секоја година на 2 Август го славиме Илинден за да им одадеме почит на нашите предци, да оживее сеќавањето на стремежот и борбата на македонскиот народ за слобода и самостојност.
Нека факелот на борбата на македонските херои од двата Илиндена продолжи да го осветлува патот на демократскиот развој на современото македонско општество.
Нека ни е честит и вековит Илинден!