До неодамна незамисливо: републикански претседателски кандидат го фали претседателот на Русија и неговата политика, навестува признавање на анексијата на Крим и го критикува НАТО. Што се крие зад тоа
Од пред извесно време медиумите во САД зборуваат за „броманса“ на силните мажи Доналд Трамп и Владимир Путин. Во превод тоа би значело „братска романса“, но не е сосем погодено – побргу би можело за нив да се зборува како за сродни души. А не е јасно дали тие воопшто се имаат сретнато. Во понеделникот Трамп изјави дека никогаш не го сретнал и не го познава рускиот претседател: „Тој кажа една убава работа за мене – дека сум бил гениј. И тоа е се`. Јас него никогаш не сум го сретнал“.
Но, во поранешни интервјуа го тврдеше токму спротивното: „Да, во контакт сум со Путин. И, можам да ви кажам дека тој многу се интересира и го следи она што вие и јас го велиме во интервјуата“. Тоа беше на крајот на 2013., значи пред одвај двеипол години.
На викендот телевизијата АБЦ (Еј-Би-Си) го конфронтираше Трамп со неговите контрадикторни изјави. Тој рече: „Не верувам дека било кога сум го сретнал Путин“. На забелешката од водителот дека би морал да знае ако некогаш го има сретнато, Трамп одговори: „Да, мислам да“.
Дали прерано му слабее меморијата на еден 70-годишник? Или Трамп одеднаш сака нешто да прикрие? Многубројни новинари веќе истражуваа и дојдоа до сознание дека досега не е документирана некаква средба меѓу Путин и Трамп. Кога пред три години Трамп организираше избор за „Мис на светот“ во Москва, сакаше безусловно Путин да дојде како почесен гостин. Но, тој не дојде.
Други новинари претпоставуваат дека Трамп има деловни врски со руски олигарси и прима пари од Русија – шпекулации кои ги потхранува и самиот Трамп тврдокорно одбивајќи да ги објави своите даночни пријави. Тој планираше во Москва да гради „Трамп облакодер“ и „Трамп хотел“, но тоа не се реализира. Пропадна и обидот на Русите да им пласира „Трамп вотка“.
Текстот во целост прочитајте го тука
Автор: Мартин Ганслмајер/З.Ј.