Доколку не игра на ЈуЕс опен, Новак го очекува катастрофа – Погледнете го сценариото кое може да се случи!

Сподели

Новак Џоковиќ се уште ја чека одлуката на американските власти за влез на невакцинирани странци и се надева дека ќе настапи на гренслемот УС Опен.

Сепак, и покрај тоа што не играше од Вимблдон, тој може да се искачи за една позиција на АТП ранг-листата.

Медведев треба да стигне до финалето во Синсинати за да стигне до петтата позиција на АТП листата.

Откако Каспер Руд беше рано елиминиран, Новак доби поголема шанса да се врати во Топ 5, иако нема играно од Вимблдон. За тој напредок ќе му треба уште еден услов.

Имено, Циципас би можел да ги претекне и Ноле и Руд со пласман во финалето во Синсинати. За тоа ќе му биде потребна победа против  Медведев, играчот број еден во светот.

Доколку тоа не се случи, Новак ќе напредува за едно место пред УС Опен и ќе се најде меѓу првите пет на АТП рангирањето.

Сепак, и да се оствари оваа желба, одредено отсуство од последниот Грен слем не само што би го одвоило од можноста да ја брка важната титула за него, туку би можело и да испадне од Топ 10.

Такво нешто се случи уште во август 2018 година. Помина помалку од една година надвор од топ 10, а предтходно не му се случило такво нешто уште во 2007 година.

Со изминатиот УС Опен брани 1200 поени и финалето во кое беше поразен од Медведев. Сега нема да може да го одбрани стекнатото поради забраната за влез на невакцинирани странци на територијата на САД.

Доколку се остане да важи Новак ќе има 3.520 бодови.

Во зависност од резултатите, тој би можел да биде претекнат од споменатите Циципас (ако не го направи тоа во Синсинати), Руд, Алијасим, Нори и Хуркач.

Под некои најлоши околности, Џоковиќ би можел да заврши на 13-то место во светот по гренслемот УС Опен.

The post Доколку не игра на ЈуЕс опен, Новак го очекува катастрофа – Погледнете го сценариото кое може да се случи! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico