Бектеши бара поддршка од ИВЗ и МПЦ за штедење струја

Сподели

 

Министерот за економија Крешник Бектеши, побара помош од поглаварот на Исламската верска заедница да испрати апел до верниците, што помалку да трошат струја.

 

 

Министерот Бектеши изјави дека многу е важно да се штеди, не само за домашниот буџет туку и за трошоците на државата за производство на електрична енергија.

„Голема поддршка ќе биде секоја порака која ќе излезе од страна на ИВЗ, а воедно тоа ќе се сподели и преку џамиите преку верниците“, рече Бектеши.

И првиот човек на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху, на заедничката прес-конференција со министерот Бектеши рече дека ќе се апелира до џамијата да штеди електрична енергија. 

„ИВЗ нема многу проблем со рационално трошење енергија затоа што секогаш сме користеле струја во нашите објекти на многу рационален начин бидејќи сите наши објекти се финансирани од самите верници и ИВЗ со своите муфтии и поглаварите на џамиите се многу внимателни во потрошувачката на струја. Значи меѓу населението сме познати по многу мала потрошувачка на струја, ја имаме и оваа верска, институционална и социјална обврска“, изјави Шаќир Фетаху, претседател на БФИ.