Ангел Димитров: РСМ не е подготвена за било каква промена

Сподели

 

“Прашањето со РСМ е важно, но повторно ништо не се случи. Нема подготвеност за каква било промена, тврди бугарскиот копретседавач на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија”, професорот Ангел Димитров во изјава за БНТ, пренесува новинската агенција БГНЕС.

„Ова е важен сигнал за севкупните ставови, но пред сè за атмосферата во која работи нашата Заедничка историска комисија на својот 20 последователен состанок. Нема подготвеност за каква било промена“, вели копретседавач на Комисијата од бугарска страна.

“Некои од членовите на комисијата од Северна Македонија се подложени на закани и притисоци кога нешто менуваат во својата позиција. Јасно можев да ја видам загриженоста на дел од колегите”, изјави Димитров.

Забелешките за бугарските учебници од македонска страна биле општи и не допирале важни работи во толкувањето и биле пуста желба, смета Димитров и додава дека македонската страна треба да направи сериозни измени во нивните учебници.

„Ова треба да се направи веднаш. Учебниците може да се дополнат и без да се печатат нови“, коментира Димитров и нагласува дека оваа политичка тензија во Скопје е на тема бугаризација.

Како образложение, во изјавата тој се повикува на податоци од истражување на германската фондација „Конрад Аденауер“, според која, како што потенцира Димитров, најголем непријател на нивната земја (С Македонија н.з.) е Бугарија, односно дека на вакво мислење биле 44 отсто од граѓаните на земјава.