Јавниот превоз блокиран, поради анонимна дојава за бомба

Сподели

Денеска од полициски службеници е приведен Ј.И.  вработен во ЈСП,  по претходна пријава околу 5 часот од ЈСП дека од неговиот меил на службениот меил на ЈСП и на мејловите на сите директори, службите за финансии, правни и други  служби во ЈСП со закана дека поради нередовното земање на плата планирал да постави бомба во автобус на ЈСП, која би експлодирала денес за време на протестите.

Oд утринава, по налог на МВР, сите возила на ЈСП Скопје се повлечени од сообраќај поради анонимна дојава за поставена рачна бомба во едно од возилата.

Екипите за антитероризам се на терен и постепено возилата се вклучуваат на линија по претходна соодветна безбедносна проверка.

ЈСП нема да дозволи било какви уцени, закани, притисоци и обиди за саботажи да го нарушат работниот процес на претпријатието и ќе продолжи да работи во на интерес на граѓаните. Безбедноста и сигурноста на вработените во ЈСП и скопјани секогаш е приоритет на претпријатието.