Директорот на протокол во Министерството за надворешни работи поднел оставка од функцијата поради гафот со словачкото знаме за време на посетата на шефицата на словенечката димпломатија Тања Фајон во Скопје. За ова информираше министерот за надворешни работи Бујар Османи, во емисијата 24 анализа и додаде дека тој ја прифатил оставката.
– Тоа беше едно од десетте знамиња и кога имате интензивна агенда се прават грешки. Директорот на протоколот поднесе оставка иако немаше никаква директна одговорност, која јас ја прифатив. Тоа се други луѓе, а поради морална одговорност поднесе оставка, а работеше една година – рече Османи.