Денеска македонските обвинители со гласање ќе изберат шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Ова гласање ќе се спроведе според Законот за јавното обвинителство, а право на глас имаат сите јавни обвинители во Македонија.
За првпат, согласно новиот Закон за јавното обвинителство, изборот за основен јавен обвинител на тоа обвинителство се врши со гласање на сите јавни обвинители во државата.
Гласањето ќе трае до 16 часот по што записниците ќе бидат испратени до советот на јавни обивнители каде резултатите ќе се сумираат јавно со медиумско присуство.
Кандидати за шеф на ОЈО ГОКК се досегашната шефица Вилма Русковска (која е суспендирана), Ислам Абази, Едмонд Незири и Деса Пауновска.