Студентите се обединија: Студентски марш пред Влада

Сподели
 
Меѓународниот ден на студентите, македонските студенти ќе го одбележат со студентски марш од Владата до Министерството за образование.
 
Студентите се обединија!
 
УСС при Уким, ШТУЛ, ФОН, АМЕРИКАН, ФОП, УКЛО, УГД и движењето Студентски отпор обединето ќе ги бараат своите права! Оваа борба е заедничка и само сплотени и заедно ќе успееме да ги заштитиме нашите права и барања.
 
Ве очекуваме во четврток, по повод Меѓународниот ден на студентите, со почеток во 17:30 часот, да излеземе сите заедно, сплотени на голем студентски марш, каде тргнувајќи од Влада па до МОН ќе го завршиме нашиот марш и јасно и гласно ќе ги искажеме нашите барања, а тоа се:
Издвојување на средства од буџетот за:
 
1. Подобри услови во студентските домови
2. Изземање на студентите од антикризните мерки
3. Целосно спроведување на законот за студентски оброк и зголемување на сумата
4. Изедначување на стипендиите
5. Подигнување на квалитетот на образованието
6. Дигитализација
 
Ги повикуваме сите кои се вклучени активно во образованието меѓу кои, средношколци, професори, декани и ректори да ни дадат поддршка и да се приклучат на маршот!
 
Ајде сите заедно да се избориме за нашите студентски права и подобар студентски стандард!
 
Организатори на настанот се сите универзитетски собранија и организацијата студентски отпор.