Тимот на СмартАп, заедно со тимот на ЕДУИНО и ЕДУИНО Амбасадорите, во периодот од 25 – 27 ноември одржа дводневна работилница под мотото „Заедно кон подобро образование“.
Работилницата свечено ја отвори г-динот Зеќирија Хасипи, Директор на Бирото за развој на образованието, по што следуваше и свечено обраќање на проектениот менаџер на ЕДУИНО – Милена Игњатова, како и на менаџерот на ЕДУИНО Заедницата – Ангела Зафировска.
Првиот ден беше посветен на Мрежата за учење наука – МУН, на која фасилитатори беа нашиот колега Милош Соколиќ – Дизајнер на услуги и Горазд Смилевски – опфаќање на концептот на мрежата за учење науки и негова валидација и идентификување на можностите за вклучување на ЕДУИНО Амбасадорите во истата.
Вториот ден од работилницата беше посветен на идентификување на слабостите во образовниот систем со кои едукаторите секојдневно се соочуваат, преку партиципативното генерирање идеи за развој и подобрување – еден од широко употребуваните начини за идентификување предизвици во различни видови организации.
Се гордееме што заедно со ЕДУИНО и ЕДУИНО Амбасадорите одржавме продуктивна работилница и заеднички да придонесеме кон подобрување на кавлитетот на образованието во нашата држава.
За уште многу заеднички успеси!