Весна Дамева, поранешен стручен соработник во Кривичниот суд стана претседател на Судскиот совет со 10 гласа „за“ и 1 „против“ кој го доби од Лорета Горгиева.
„Предизвик за мене е во овој период, во којшто се спроведуваат реформите, да бидам на чело на институција која дефинитивно мора да се издигне на нивото што го заслужува во следниот период“, рече Дамева по изборот.
Нејзиниот избор доаѓа откако Павлина Црвенковска минатата недела, на неколку месеци од истекот на мандатот поднесе неотповиклива оставка од позицијата претседател на Судски совет.
Функцијата претседател на Судски совет се избира со мандат од две години од редот на членови на советот, кои се избираат од Собранието.