Владата донесе одлука да се поништи одлуката за прием на Онишченко во државјанство

Сподели

 

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница одлучи да се поништи одлуката за прием на Олександр Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија.

Владата ја донесе одлуката откако го разгледа известувањето од Министерството за внатрешни работи, во кое што се информира за можноста за одземање на веќе дадено државјанство, што беше побарано од страна на Владата, на претходна владина седница.

Денешната одлука на Владата е базирана на Законот за државјанство на Република Северна Македонија.

Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да постапи веднаш по донесената одлука за поништување на одлуката за прием на Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија.