Нова книга од Живко Грозданоски “Писмо за Глорија”

Сподели

 

Денес од печат излезе новиот роман на Живко Грозданоски насловен „Писмо за Глорија“, како 216 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ.

 

 

По успешната прва соработка на „Куфер за тројца“, книга која беше финалист за „Роман на годината“, продолжуваме со поддршката и издавањето на новиот ракопис на еден од најталентираните автори на новата генерација македонски писатели.

Живко Грозданоски е роден во 1986 година во Кичево. Основно училиште завршил во Бигор Доленци и во Кичево, средно во Скопје. Дипломирал на катедрата по италијански јазик и книжевност. Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, Или-или, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, Антолог, 2018) јазик. Преведува и препејува од и на италијански јазик.