Холандија изрази сочувство за жртвите од поплавите

Сподели

17167528745_04530a8ae2_o-860x680

Холандскиот министер за надворешни работи, Берт Кундерс вчера му прати писмо со сочувство на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, по повод разорните поплави во и околу Скопје и Тетово.

„Во име на Холандија, би сакал да го искажам своето искрено сочувство до владата и народот на Република Македонија. Нашите мисли се со оние кои загубија роднини и пријатели, со повредените и со оние кои ги загубија домовите“ – вели Кундерс во писмото.

Шефот на холандската дипломатија исто така им посака на граѓаните на Македонија сила и храброст во справувањето со последиците на оваа трагедија.

meta.mk