Блесна новогодишната елка под вода

Сподели

 

Нуркаите од Нуркачкиот центар АМФОРА од Охрид во Музејот на вода, традиционално и оваа година ја накитија подводната новогодишна елка и на сите граѓани на Република Македонија им ја честитаат новата 2023 година.

 

 

Како и секоја и оваа нова 2023 година нуркачите од Амфора им ја посветуваат на децата со ретки болести  со желба за здравје, успех и среќно детство.

Ден исполнет со многу искрени желби и новогодишни честитки за децата со ретки болести, изјави Гордана Лолеска.

Посетителите на Музејот на вода  елката ќе можат да ја видат се до крајот на јануари.