“Кристал 1923” инвестира во современа, поеколошка опрема со поддршка на ЕБОР И ЕУ

Сподели

 

Со растечките цени на енергијата и останатите предизвици, светските пазари и ланците на снабдување, насекаде ги поттикнуваат деловните ентитети да размислуваат како да ја зголемат продуктивноста и да ги намалат трошоците за електрична енергија.

 

 

Во Северна Македонија, една од многуте компании кои решија да инвестираат во енергетска ефикасност е Кристал 1923, компанија со долгогодишна традиција која започна со производство на масло за готвење пред 99 години, и која денес процесира над 50.000 тони маслодајно семе.

 

 

“Производството на масло за јадење може да претставува процес кој бара интензивно користење на енергија, бидејќи има различни стадиуми низ кои поминува – од сончогледово семе до масло. Технологијата и процесот на производство се менуваат со тек на времето и заради тоа решивме да инвестираме во некоja понапредна опрема’’, објаснува Олгица Стојанова, Директор на производство, Кристал 1923.

 

Компанијата зема кредит од ЕУР 250.000 преку Шпаркасе Банка Македонија, една од локалните партнерски банки на ЕБОР. Ваквото финансирање е дел од заедничкиот проект со Европската Унија, чии грант фондови ги поддржуваат и им помагаат на компаниите за да изберат најповолната опрема и технологии.

Кристал 1923 ја набави новата машина за лупење, опремата за прочистување и согорувачот, кои доведоа до поефиксно, поодржливо и поеколошко производство. Намалувањето на емисиите, отстранувањето на фините нечистотии од семките, преку воздушна вентилација и подобреното лупење, резултираа во добивање на повеќе протеини кои се користат за прехрана на животните, што е само еден од повеќето бенефити од оваа инвестиција.

Компанијата ја намали потрошувачката на енергија за 13 отсто, заедно со намалувањето на вкупните трошоци.

“Нашата нова опрема ни овозможи поголема конкурентност, и е добра за човековата околина. Планираме да ја задржиме водечката позиција на пазарот и во иднина, како и довербата на потрошувачите, која се пренесува од генерација на генерација. Ќе продолжиме да се развиваме и да инвестираме во производство на здрава и квалитетна храна”, дополнува Олгица.

Инвестицијата е финансирана од ЕБОР и поддржана преку ЕУ програмата за конкурентност, која обезбедува кредити и ЕУ финансирани грантови за МСП за инвестиции кои може да им помогнат да станат поконкурентни на локалните и на странските пазари. Инвестициите во мерки за заштеда на енергијата, се помеѓу приоритетните инвестиции за МСП.

“Има многу бенефити за инвестирање во мерки за заштеда на енергијата за бизнис секторот”, објаснува Анди Аранитаси, Претставник за Северна Македонија, ЕБОР. “Не само што се заштедуваат емисии на јаглероден диоксид, туку може да ги направат поконкурентни на ЕУ пазарите, особено во однос на најавениот механизам за прилагодување на границите на јаглерод од страна на ЕУ. Ова ќе биде голема поддршка за економиите и компаниите на Западен Балкан, за декарбонизација, бидејќи ЕУ е убедливо најдоминантен трговски партнер во регионот, заради што ќе продолжиме со локалната поддршка на бизнисите во инвестирање во енергетска ефикасност.”

ЕБОР ќе продолжи со пласирање на специјализираните кредитни линии на МСП во соработка со локалните комерцијални банки.

“Енергетската ефикасност е еден од најлесните и најефикасните начини за борба со климатските промени, намалување на енергетските трошоци на потрошувачите и за подобрување на конкурентноста на компаниите,” изјави Дејвид Гир, ЕУ Амбасадорот за Северна Македонија. “МСП претставуваат значаен дел од македонската економија и нивниот отпечаток на јаглероден диоксид има голем удел во нивоата на загадување. Со вакви програми, и со грант поддршката, ЕУ им помага на МСП да имаат пристап во нивното користење на енергија, да ја зголемат нивната енергетска ефикасност и да идентификуваат соодветни измени во зголемување на одржливоста. Компании кои ќе изберат да користат обновлива енергија, креираат обновливи производи и даваат позитивен пример за јавноста во однос на идеалната економија со низок степен на јаглероден диоксид, кон која сите се стремиме.”

ЕБОР е една од водечките институции, инвеститори во Северна Македонија. До денес има инвестирано скоро 2,5 милијарди евра во проекти од различни сектори на економијата.