Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на РС Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.
При контролата констатирани се 65 сообраќајни прекршоци, при што три возила се исклучени од сообраќај поради истечена регистрација. Упатени на вонреден технички преглед се 21 возило.
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.
МВР апелира сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.