Пендаровски ја пречека унгарската претседателка Каталин Новак

Сподели

 

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска ја пречека претседателката на Унгарија, Каталин Новак, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

 

 

Претседателот Пендаровски и претседателката Новак одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации.

Во фокусот на разговорите се севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Унгарија, партнерството во НАТО Алијансата, европската перспектива на Северна Македонија, состојбите во поширокиот регион, во контекст на војната во Украина, како и можностите за јакнење на економската соработка.

По завршувањето на пленарниот состанок на делегациите, предвидено е претседателот Пендаровски и претседателката Новак да одржат заедничка прес-конференција во 11:30 часот.