Од полноќ, бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе поевтинат за 2 денара, додека Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе поевтинат за 1,5 денар по литар.
Со најновата одлука, моторен бензин Еуросупер БС – 95 ќе се продава за 82 денари за литар, додека бензинот Еуросупер БС – 98 ќе чини 84 денари за литар. Дизел горивото Еуродизел БС (Д-Е V) ќе може да се набави за 78,5 денари за литар, додека маслото за горење Екстра лесно 1 ќе чини 77 денари за литар. Цената на мазутот М-1 НС ќе изнесува 41,411 денари за килограм.
РКЕВУ потсетува дека тоа се максималните дозволени цени на горивата, а трговците може да ги продаваат горивата и по пониски цени од новоутврдените.