Градоначалникот на Благоевград: Ќе ги казнам напаѓачите на македонскиот клуб кога Скопје ќе ги казни полицајците

Сподели

 

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград беше оштетен пред неколку дена, а вчера беа приведени двајца вработени во општинското претпријатие „Озеленување“ на општината и нивните сопруги.

Градоначалникот на Благоевград, Илко Стојанов изјави дека судот е надлежен орган кој може да се произнесе за кривичното дело, а тој како работодавец на двајцата вработени може да се произнесе само за Кодексот на работа.

 

 

„Ако се докаже вината на општинските службеници, ќе го применам принципот на реципроцитет на казните, тоа значи дека ќе ги казнам оние што работат во општина Благоевград со точно иста казна како што ќе бидат казнети цариниците, граничната полиција и други функционери во Република Северна Македонија кои предизвикаа ментално и физичко насилство врз многу Бугари. Во моментот кога ќе бидат отпуштени вработените во Северна Македонија кои ги малтретираа бугарските граѓани, веднаш ќе ги отпуштам вработените во ОП ‘Озеленување’ на Општина Благоевград“,изјави градоначалникот на Благоевград, Стојанов а пренесе  24часа.бг.