“Мое Осигурување” функционира за осигурениците во цела држава

Сподели

 

“Мое Осигурување” функционира за осигурениците во цела држава, со тоа што поради технички прилагодувања, во целосна функција ќе биде ставен до крај на денот, информираат од ФЗОМ.
 
До овој момент “Мој термин” ги има преземено податоците заклучно со денешен датум (20 февруари 2023).
 
Сите платени придонеси од сите обврзници се евидентирани во “Мој Термин”.
 
Ова значи дека сите здравствени работници и аптеки имаат можност да го проверат статусот на осигурување во Мој Термин.
 
ФЗОРСМ активно работи и на системот за исплата на плати, породилни боледувања и други рефундации.
 
Очекуваме во текот на денешниот ден враќање и на останатите состеми. Сите информации веднаш и благовремено ќе бидат споделени со јавноста.