СмартАПџии со полн ентузијазам ја започнуваат Новата 2023

Сподели

 

ЕДУИНО 2Д Лабораторија

 

Една од иновациите на кои нашиот тим работи неуморно е новата функционалност на порталот ЕДУИНО – ЕДУИНО 2Д Лабораторија.

ЕДУИНО 2Д Лабораторијата претставува виртуелен 2Д простор чија цел е да го поддржи процесот на учење преку игра, како и процесот на „искуствено учење“. Виртуелните 2Д експерименти се наменети за поддршка при совладување на наставните единици, проверка и продлабочување на знаењата од предметите: Природни науки, Хемија, Биологија и Физика и се одлични за примена во текот на изведувањето на наставата, како и во домашни услови.

Во моментов ЕДУИНО 2Д лабораторијата е во пилот фаза и набрзо ќе биде достапна, па топло ве повикуваме да нè следите на социјалните мрежи на СмартАП и ЕДУИНО и да ги истражите сите функционалности што ги нуди оваа иновативна 2Д лабораторија!

Една од иницијативите на кои посебно се гордееме и преку која дефинитивно ја исполнуваме мисијата за колективно подобрување на образованието преку ко-креирање и иновации е токму серијалот ЕДУИНО-вебинари во склоп на проектот ЕДУИНО: Колективен портал за дигитални содржини.

ЕДУИНО-вебинари

Крајот на месец јануари го обележавме со одржување на последниот ЕДУИНО-вебинар од третиот серијал ЕДУИНО-вебинари и гордо можеме да кажеме дека спроведовме успешна сесија со вкупно четиринаесет одржани онлајн настани која даде неверојатни резултати!

Горди сме што овој трет серијал го проследија вкупно 26 000 слушатели кои имаа можност да се стекнат со два вида сертификати: сертификат за стекнати знаења и сертификат за применети знаења.

Прочитајте повеќе за ЕДУИНО-вебинарите и начинот на кој придонесуваме кон професионалниот развој на едукаторите тука.

InnoFinRES

Во минатите неколку епизоди на СмартАПувај ви кажувавме за иновативниот финансиски модел што имаше цел да ја поддржи транзицијата кон обновливите извори на енергија – нашиот нов проект ИноФин.

Често пишувавме за вебинарите и работилниците што ги одржавме со цел да креираме финансиски модел што ќе биде применлив и одржлив за нашето општество, а истовремено би нудел поддршка во процесот на транзиција кон обновливите извори на енергија.
Откако нашата мисија беше успешно завршена и креиравме иновативен финансиски модел, ги сублимиравме сите процеси, очекувани и постигнати резултати и преземени чекори на едно место под насловот – How we created a community financial model to support the transition to renewable energy sources.