Град Скопје и Здружението на асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ го потпишаа договорот за финансиска поддршка на програмата за деца и младинци со попреченост, кој опфаќа сервисна служба за асистивна технологија.
“Обезбедување поквалитетен живот на децата и лицата со попреченост, преку квалитетни развојни програми и можности за нивно вклучување во различни сфери од општественото живеење е важен сегмент од нашите заложби.
Преку активностите кои се спроведуваат во Центарот за асистивна технологија, се овозможуваат континуирани и квалитетни услуги, дополнети со компјутерска примена на асистивната технологија.
Сервисната служба обезбедува и континуирана советодавна поддршка за семејствата, но и на сите чинители кои се вклучени во животот и третманот на децата и лицата со попреченост,” информираат од Град Скопје.