(ФОТО) Сопругата на Хакими го остави поради силување – Од вечна љубов до крај на бракот!

Сподели

Loading

Мароканскиот репрезентативец и член на ПСЖ, Ашраф Хакими (22) е обвинет дека силувал 24-годишна девојка во неговиот дом во близина на Париз.

Сега дојде до нов удар за десниот бек бидејќи го напушта неговата убавица и сопруга Хиба Абук, односно поднесе барање за развод поради обвинението.

Таа е 12 години постара од дефанзивецот, наводно нивниот брак долго време е во криза, а приказната за силување била само капка која ја прели чашата.

Девојката го обвини Африканецот за нападот на 25 февруари 2023 година, а тие наводно почнале да се допишуваат во средината на јануари на Инстаграм.

Потоа, на крајот на февруари, девојката била во домот на освојувачот на четвртото место на Светското првенство во Катар, каде што се случило наводното силување.

Ашраф, наводно, ја бакнал во уста, и ја подигнал облеката и ги бакнувал градите и покрај нејзините протести, а потоа почнал однос без нејзина согласност.

До оваа вест Хакими беше познат како семеен човек, а на 22 години стана татко и заедно со Хиба има два сина.

фото: Instagram/@achrafhakimi

The post (ФОТО) Сопругата на Хакими го остави поради силување – Од вечна љубов до крај на бракот! first appeared on .

Powered by WPeMatico