Од ноќеска на полноќ дизел горивото поскапува за 2 денари за литар, а цените на останатите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 78 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 81,5, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 83,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 77 денари за литар, додека цената на Мазутот М-1 НС останува 41,266 денари за килограм.