Најдобриот светски фудбалер и победник на Светското првенство во Катар како капитен на аргентинската репрезентација, Лионел Меси (35) донесе одлука каде ќе ја продолжи кариерата.
Имено, Лео има договор со ПСЖ до крајот на сезоната и се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона.
Неодамна се појави информација дека Ал Хилал, шампионот на Саудиска Арабија е подготвен да им понуди од 400.000.000 до 450.000.000 евра годишно.
Напаѓачот на тој начин би станал најплатениот фудбалер во историјата, но според информациите на „Мундо Депортиво“ тој нема да направи потег како Кристијано Роналдо.
,,Постојано се шпекулира дека ќе замине во Интер Мајами, Саудиска Арабија или пак ќе се врати во Аргентина и ќе игра за Њуелс Олд Бојс. Сепак, ништо од тоа нема да се случи. Меси останува во Европа – тврди „Мундо Депортиво“.
За Лионел, „светците“ како актуелен клуб имаат предност, а се уште се зборува за можно враќање во Барселона, но ќе биде тешко.
,,Економската ситуација во клубот се уште стои на патот на неговото враќање. Интересно е и тоа што година и пол немаше никаков контакт меѓу Меси и претседателот на Барселона Жоан Лапорта – велат Каталонците.
Овој медиум пренесува дека доколку преговорите на Меси со парижаните не одат според планираното, опцијата е да оди во Премиер лигата или дури во Серија А.
The post Го одби најголемиот договор во историјата – Меси донесе одлука каде ќе ја продолжи кариерата! first appeared on .
Powered by WPeMatico