Од полноќ дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Сподели

 

Од ноќеска на полноќ цената на дизелот ќе се намали за еден денар, а бензините ќе поскапат за еден денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според РКЕ, се намалуваат и цените на екстра лесното масло за домаќинство, за 1,50 денар, како и на мазутот, за 0,321 денари.

Бензинот еуросупер БС-95 ќе чини 83,50 денари за литар, додека еуросупер БС-98 ќе биде 85,50 денари, дизелот ќе се продава по 77,50 денари, екстра лесното за 76,50, а мазутот по 41,667 денари за килограм.