Осумнаесет години затвор за возачот кој во Велес на пешачки усмрти 11-годишно девојче

Сподели

 

Велешанецот Ангелчо Николов, кој ја прегази 11-годишната Магдалена, доби затворска казна од 18 години за двете дела за кои се гонеше од Обвинителството.

Обвинетиот доби и забрана за управување со моторно возило во траење од пет години, а исто така треба да ги плати и трошоците за постапката.

– Признанието на вина го земавме како олеснителна околност, но како придонес за полесно завршување на постапката. Судот не го зема како околност како позитивен став, односно судот не процени дека има искрено каење, кажа судијката.

Возачот под дејство на алкохол го прегази 11-годишното девојче од Велес, по што се даде во бегство, а на првото рочиште призна вина за делото.