Клубот „Ванчо Михајлов“ избришан од Централниот регистар

Сподели

 

Културниот центар „Ванчо Михајлов“ од  Битола е избришан од Централниот регистар, откако министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението со кое се одби барањето бугарското здружение да го користи името на оваа контроверзна личност. 

Со законот се забранува основање на организации што во нивното име, програма, цели и дејности поттикнува и повикува на воена агресија, разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, геноцид, екстерминација, ширење и поддршка, поттикнување и одобрување фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх. 

Бугарските клубови имаа рок до 16 февруари да ја усогласат работата со измените во законот за здруженија и фондации донесени лани во ноември, 

Бугарскиот културен клуб во Битола згаснува по речи една година, откако беше отворен лани во април во  април во присуство на целиот државен врв на Бугарија. Името на здружението предизвика бура реакции во јавноста.