ВМРО-ДПМНЕ намерно шрири лаги за Коридорите 8 и 10

Сподели

 

ВМРО-ДПМНЕ е против секој стратешки проект во државата и затоа намерно шири невистини за најголемиот проект вреден 1.3 милијарди евра, изградба на коридорите 8 и 10д. Не се точни тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека државата ќе плаќа пенали ако во Собранието не биде донесен пакетот закони поврзани со изградбата на коридорите, реагираат од СДСМ.

Како кај секој друг договор каде Инвеститорот и Изведувачот имаат свои права и обврски и согласно случениот договор, Изведувачот може да работи во услови каде важат постоечките законски одредби. Но во тој случај рокот за изведба би бил подолг. Имајќи предвид дека станува збор за стратешки проект од национален интерес, наместо да трае со години изградбата и да чини повеќе, понудено е решение за да се заврши проектот во што покус временски рок.

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ е последна што може било кого да прозива за оваа тема, затоа што заради провизиите на нивните функционери и промашени проекти со години беше заглавен автопатот Кичево-Охрид, проект кој сега интензивно се гради откако беа отстранети сите недостатоци. Тоа државата ја чинеше прескапо, се наведува во реакцијата на СДСМ.