Идеалите на Делчев се патоказ за низата генерации македонски револуционери

Сподели

 

Денешниот датум, 4 мај, останува врежан во историјата како поука дека силата и иднината се во единството. Поука на која не потсетува нашиот визионер и инспиратор на македонското револуционерно дело, Гоце Делчев.
 
Идеалите на Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбрал светот како поле за културен напредок меѓу народите, се патоказ за низата генерации македонски револуционери кои се вградени во македонската државност.
 
Тие се и наш патоказ, како прогресивна Влада, којашто посветено работи на изградбата на Северна Македонија во еднакво општество за сите и европски дом за сите граѓани, интегрирани меѓу најдемократските сојузи НАТО и ЕУ.