Поплавените улици и куќи во Гостивар се исчистени

Сподели

 

Гостивар вчера го зафати силно невреме, пришто поплавени беа куќи и улици, а на места имаше и одрони.

По обилните врнежи кои го зафатија и подрачјето на Гостивар, особено село Беловиште, Јавното претпријатие „Комуналец“ и градските пожарникари излегоа на терен да ги санираат настанатите штети и да им помогнат на граѓаните кои можеби настрадале од оваа катастрофа.
 
Сите улици и куќи што беа поплавени во Гостивар се исчистени, a последиците од дождот санирани.
Центарот за управување со кризи објави дека екипите на Комуналец и противпожарната бригада во Гостивар синоќа биле повлечени.
 
Невремто предизвикало и краткотраен сообраќаен хаос. На повеќе места обилните врнежи предизвикале и помали одрони на земјиштето кои исто така со помош на механизација биле санирани.