Охридскиот архив го одбележува 9-ти јуни – Меѓународниот ден на архивите

Сподели

 

Државниот архив – Одделение Охрид, активно се приклучува кон активностите во рамките на одбележувањето на Меѓународната недела на архивите и на Меѓународниот ден на архивите: 9-ти јуни.
 
По тој повод е организирана изложба од отворен тип, во дворот на институцијата, каде што се изложени репродукции на историски документи и фотографии од општествениот и културниот живот на Охрид и пошироката околина од минатиот век.
 
 
 
 
Изложените историски документи и архивски материјали на оваа изложба, што ќе трае до 16 јуни, се прилози од лични и институционални архивски фондови кои ги поседува Архивот во Охрид и која е подготвена од страна на вработените во Државниот архив-Одделение Охрид.