Во Трпејца пронајдена рачна бомба од Првата светска војна

Сподели

 

Во селото Трпејца, вчера била пронајдена рачна бомба останата од Првата светска војна, која безбедно е отстранета.

“На 15.07.2023 во 11.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека во водите на Охридското езеро, кај селото Трпејца, била пронајдена рачна бомба. Од увидот, извршен во присуство на овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување, констатирано е дека се работи за бомба М-17 од Првата светска војна која е безбедно подигната и предадена за натамошна постапка“, информираат од МВР.