Дипломатски односи на РС Македонија и Јужна Африка во рамки на ОН

Сподели

 

Северна Македонија и Јужна Африка воспоставија дипломатски односи во рамки на Генералното Собрание на ОН, во Њујорк, објави министерот Бујар Османи.
 
 
 
 
“Потврда за нашите заложби за градење пријателски односи и партнерства и со географски оддалечените земји.
 
Новото поглавје во билатералните односи меѓу двете земји нуди дополнителни можности за развој и на економските и бизнис врски, како и зајакнување на соработката на мултилатерално ниво.”
 
Јужна Африка е 182 земја со која Северна Македонија има воспоставено дипломатски односи.